• понеделник, 26 февруари 2024

Радуков именуван за амбасадор во Северна Македонија

Радуков именуван за амбасадор во Северна Македонија

Софија, 12 февруари 2024 (МИА) – Претседателот на Бугарија, Румен Радев и Владата постигнаа договор за именување на амбасадор во Северна Македонија.

Согласно договорот Желјазко Радуков ќе го замени Ангел Ангелов на функцијата амбасадор во Северна Македонија.

Радуков веќе работел во Амбасадата во Скопје како трет секретар во периодот од 2010 до 2013 година. Тој има и пракса во Амбасадата во Белград. Во бугарското Министерство за надворешни работи Радуков беше одговорен за односите со Северна Македонија по 2021 година, за време на привремените влади на Радев.

Тој е и организациски секретар на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања помеѓу земји.

Бугарската Влада и Радев исто така се договорија и поранешниот министер за одбрана Драгомир Заков да биде амбасадор во Данска. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан