• вторник, 16 јули 2024

Работна група за излез од кризата во светското цивилно воздухопловство

Работна група за излез од кризата во светското цивилно воздухопловство
Монтреал, 30 април 2020 (МИА) - Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) формира специјална група за обновување на цивилните воздушни летови во екот на пандемијата на новиот коронавирус, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на организацијата со седиште во Монтреал, Канада. Меѓународниот воздушен сообраќај е целосно блокиран поради затворените граници и намалениот број на патници како резултат на коронавирусот. Кризата е незабележана во историјата на цивилното воздухопловство. Во соопштението на ИКАО се додава дека првите резултати од работата на формираната група се очекуваат кон крајот на следниот месец. Нејзината задача е да определи неопходни мерки, кои организацијата ќе им ги препорача на своите земји членки и на авиокомпаниите за постепен излез од кризата. За претседател на работната група е избран претставникот на Франција во ИКАО, Филип Берту. гт/

Остани поврзан