• петок, 20 декември 2024

Работилница „Розов октомври“ за сензибилизација за рак на дојка во Гостивар

Работилница „Розов октомври“ за сензибилизација за рак на дојка во Гостивар

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - Одделението за социјална заштита, здравје и детска заштита при општина Гостивар, во соработка со здружението „Езра“, вечер од 18 до 20 часот ја организира работилницата „Розов октомври“ за сензибилизација за рак на дојка. Работилницата ќе се одржи во просториите на Советот на општината, информираат од локалната самоуправа.

Целта на оваа работилница, како што посочуваат, е да обезбеди бесплатни совети за пациентите кои се соочуваат со оваа тешка болест.

Најавено е присуство на градоначалникот Арбен Таравари, министерот за здравство Фатмир Меџити, како и на радиологот Миранда Рамани Изаири, торакалниот хирург Илир Вела и на онкологот Илир Исмаили.

Од локалната самоуправа додаваат дека на работилницата ќе може да се постават прашања за болеста, терапијата, процесот на лекување и за други медицински совети. бд/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан