Работилница за подготовка на националната стратегија за правата на лицата со попреченост
- Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) организира работилница за подготовка на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост.

Скопје, 28 јуни 2022 (МИА) - Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) организира работилница за подготовка на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост.
Целта на настанот е да послужи како платформа за дискусија и учество на сите општествени чинители кои работат во оваа област и да дискутираат и споделат потенцијални решенија за новата стратегија.
Учесници на настанот ќе бидат претставници на ресорните министерства, организации на лицата со попреченост и родителски организации, ЗЕЛС, Канцеларијата на Народниот правобранител и на развојните агенции.
Организаторот најави поздравни обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, амбасадорката на Германија, Анке Холштајн, и директорот на ГИЗ - канцеларија во Северна Македонија, Давид Оберхубер. хс/ев/