• сабота, 21 декември 2024

Работилница за млади ликовни таленти во Винотека во Кавадарци

Работилница за млади ликовни таленти во Винотека во Кавадарци

Кавадарци, 7 декември 2024 (МИА) - Работилница за млади ликовни таленти се реализира денеска во Вински музеј Кавадарци, во објектот градска Винотека. Настанот е во организација на Музејот, во соработка со Здружението на ликовни уметници „Роднокрајци". 

Ученици од две основни училишта, „Димката Ангелов Габерот" од Кавадарци и Ваташа, сликаат под менторство на нивниот наставник по ликовно образование Горан Боев, како и уметниците Драгица Чекорова, Ќиро Јосифов, Лазар Дојчинов, Трајче Јованов, Ванчо Кеков. 

- Кавадарци отсекогаш претставува расадник на ликовни таленти. Бројни врвни уметници потекнуваат од овој град, кои оставиле белег во македонското сликарство и пошироко, истакнаа претставници на здружението. 

Директорката на Вински музеј, Елизабета Ристова, нагласи дека продолжува успешната соработка со „Роднокрајци" и дека здружението „исто како и музејот, ги негува историјата, традицијата и културата на тиквешкото поднебје“. 

Истовремено со учениците, сликаат и нивните ментори, ликовни уметници. Минијатурните дела создадени од членовите на здружението, Вински музеј ќе ги подари на своите соработници, за новогодишните празници. свд/хс/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан