• сабота, 13 декември 2025

Работен состанок на градоначалникот Грозданов со директорите на кочанските училишта

Работен состанок на градоначалникот Грозданов со директорите на кочанските училишта

Кочани, 11 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска имаше работен состанок со директорите на основните и на средните училишта во Кочани. На состанокот присуствувл и директорот на КЈП „Водовод“, Дејан Анакиев со стручните служби. Се разговарало за изнаоѓање можни решенија за справување со наталожениот долг на училиштата кон комуналното претпријатие. 

Директорите ги презентирале финансиските планови на училиштата за 2026 година и со службите за финансии од Општина Кочани ги усогласувале годишните планови со Буџетот на Општина Кочани за идната година. 

-На дневен ред беше и реализацијата на инфраструктурни проекти и други активности на училиштата, како од општинскиот буџет така и во соработка со Министерство за образование и наука и со Владата, информира локалната самоуправа. 

Исто така, се дискутирало и за предлог-програмите за 2026 година за поддршка на образованието и за спорт, при што акцентот бил ставен, како што велат од општинската администрација, на можноста за бесплатно користење на училишните спортски сали. ис/вј/

Фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан