• недела, 26 мај 2024

Пуџдемон: Мојата партија е блиску до преземање контрола врз Каталонија

Пуџдемон: Мојата партија е блиску до преземање контрола врз Каталонија

Париз, 16 април 2024 (МИА) – Поранешниот каталонски претседател и лидер на сепаратистичката партија Заедно за Каталонија (Јунтс) Карлес Пуџдемон, кој живее во самопрогонство по неуспешната борба за независност пред седум години, денеска изјави дека верува дека неговата партија со владејачките социјалисти во Шпанија ќе ја освои контролата во регионот на изборите во мај.

Пуџдемон рече дека ако тоа не успее, може да ја преиспита поддршката на неговата партија за националната влада.

Тој рече дека и покрај анкетите на почетокот на април кои покажаа дека социјалистите водат во Каталонија пред изборите на 12 мај, внатрешните анкети на неговата партија покажуваат дека разликата е намалена. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан