• вторник, 12 ноември 2024

Пуштена улица „14“ во општина Петровец

Пуштена улица „14“ во општина Петровец
Скопје, 22 септември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Петровец Борче Митевски денеска присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на улица „14“, со двата нејзини крака кои се целосно асфалтирани, во населеното место Бошњачка населба. Вкупната должина на асфалтираните улици изнесува 510 метри, информираат од општината. На средбата со жителите од тој дел од Петровец, покрај градоначалникот Митевски, присуствувале и пратеничката Марија Петрушевска, советникот од Советот на Општина Петровец Шеќо Личина, како и други гости. - На градоначалникот Борче Митевски му беше доделена Благодарница за целосно и успешно завршената работа на улица „14“ и за сè што е сторено досега за да се подобри животот на жителите од оваа населба, велат општина Петровец.ир/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан