• сабота, 09 ноември 2024

Пуштена во употреба реконструираната училишна сала во ООУ „Дане Крапчев“

Пуштена во употреба реконструираната училишна сала во ООУ „Дане Крапчев“
Скопје, 27 септември 2022(МИА)-Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја пушти во употреба реконструираната училишна спортска сала во Општинското основно училиште „Дане Крапчев“. -Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ добија комплетно реконструирана училишна спортска сала. Денеска ја пуштивме во употреба реконструираната училишна спортска сала во Општинското основно училиште „Дане Крапчев“. Се изврши комплетна реконструкција на салата со поставување на современа гумена подлога, молерски работи и се поставени рипстови, нови реквизити и справи за вежбање. Учениците добија најсовремени услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование, напиша Стефковски на „Фејсбук“. Тој потенцира дека продолжуваат со инвестициите во образованието. -Реализираме проекти со кои овозможуваме подобри услови за образование и воспитание на учениците, пишува Стефковски.ир/са/

Остани поврзан