• недела, 22 декември 2024

Путин: Ќе ја решиме кризата со храна, доколку Западот ги укине санкциите

Путин: Ќе ја решиме кризата со храна, доколку Западот ги укине санкциите
Москва, 26 мај 2022 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со италијанскиот премиер Марио Драги нагласи дека Москва е подготвена да даде значителен придонес во решавањето на меѓународната криза со храна, но само доколку Западот ги укине санкциите, соопшти Кремљ. Путин истакна дека Русија е подготвена да извезува жито и вештачко ѓубриво за да се справи со кризата. Тој, исто така, посочил дека Русија е подготвена да продолжи со непречено снабдување со гас за Италија. Путин зборуваше за тековните напори за воспоставување мирен живот во ослободените градови Донбас, се наведува во соопштението на Кремљ. Во соопштението се истакнува и дека Путин детално зборувал за преземените чекори за безбедна пловидбата, секојдневното отворање на хуманитарни коридори за заминување на цивилни бродови од пристаништата во Азовско и во Црно Море. Кремљ наведува дека Путин во разговорот со Драги „ги изнел и принципиелните оценки за преговарачкиот процес, што Киев го замрзна“. ми/

Остани поврзан