• вторник, 27 август 2024

Путин телефонски разговарал со индискиот премиер Моди

Путин телефонски разговарал со индискиот премиер Моди

Москва, 27 август 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше со индискиот премиер Нарендра Моди за зајакнување на односите меѓу двете земји и конфликтот во Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин денеска работи во Кремљ, пред само еден час разговараше со својот колега од Индија, господинот Моди“, рече Песков, пренесува Риа Новости.

Моди, кој неодамна ја посети Украина, на својата сметка на платформата „Икс“ напиша дека со рускиот претседател разговарал за зајакнувањето на стратешкото партнерство и за конфликтот во Украина. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан