• четврток, 04 декември 2025

Путин: Соработката со Конго е еден од приоритетите на руската надворешна политика во Африка

Путин: Соработката со Конго е еден од приоритетите на руската надворешна политика во Африка

Пекинг, 3 септември 2025 (МИА) - Соработката со Конго е еден од приоритетите на руската надворешна политика во Африка, а оваа земја е сигурен, докажан пријател и партнер на Русија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг.

„Се среќаваме редовно. Работиме во оваа област, работиме заедно со Конго, тоа е еден од приоритетите на нашите надворешнополитички активности во Африка. Конго е наш сигурен, проверен пријател и партнер“, нагласи Путин за време на средбата со лидерот на Конго, Дани Сасун Нгесо, во Пекинг, пренесоа руските медиуми.

Рускиот претседател изјави дека Конго редовно учествува на ниво на шефови на држави на состаноци меѓу Русија и африканските земји, како и на други настани, и дека е задоволен што го гледа претседателот на Конго на маргините на свечениот настан посветен на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна во Пекинг.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан