• четврток, 21 ноември 2024

Путин се сретна со министерката за надворешни работи на Северна Кореја

Путин се сретна со министерката за надворешни работи на Северна Кореја

Москва 4 ноември 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ја прими севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи.

Кремљ објави видео од насмеаниот Путин како се ракува со гостинката во присуство на неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот Јуриј Ушаков.

Министерката рече дека ги пренесува „искрените, топли и пријателски поздрави“ на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, а Путин одговори дека „многу добра традиција е пријателите да се сретнат на празник“ - денеска е националниот Ден на единството во Русија.

Министерката, која е во неколкудневна посета на Русија, во петокот во Москва се сретна со својот руски колега Сергеј Лавров и рече дека Пјонгјанг ќе стои покрај Русија до нејзината „победа“ во Украина.

Минатата недела, САД објавија врз основа на разузнавачки податоци дека 8.000 севернокорејски војници се во Курск, пограничен регион на Русија, каде што се подготвуваат да бидат испратени на фронтот во Украина. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан