• сабота, 27 јули 2024

Путин: Руските војници мора да го надградат својот успех на бојното поле по падот на Авдеевка

Путин: Руските војници мора да го надградат својот успех на бојното поле по падот на Авдеевка

Москва, 20 февруари 2024 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските војници мора да го надградат својот успех на бојното поле во Украина по падот на Авдеевка, за каде што рече дека „украинските војници биле принудени да бегаат во хаос“.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека руската офанзива продолжува и војниците се движат кон запад.

Според Шојгу, руските сили ја презеле контролата врз селото Кринки во Херсонската област. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан