• недела, 22 декември 2024

Путин потпиша декрет дека нуклеарното оружје останува последната линија на одбраната

Путин потпиша декрет дека нуклеарното оружје останува последната линија на одбраната

Москва, 19 ноември 2024 (МИА)  - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој нуклеарното оружје останува последната линија на одбраната.

Во новата уредба „Основи на геополитиката во областа на нуклеарното задржување“ се прецизирани параметрите под кои може да се користи ова оружје, пренесоа руските медиуми.

„Државната политика во областа на нуклеарното ограничување е од одбранбена природа, насочена кон одржување на потенцијалот на нуклеарните сили на ниво доволно за да се обезбеди нуклеарно ограничување и да се гарантира заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата“, се наведува во документот.

Исто така, во него се додава дека нуклеарниот одговор може да се активира во случај на напад на Белорусија, по што ќе следи масовен напад од воени авиони, крстосувачки ракети, беспилотни летала и други авиони кои летаат над руските граници.

Потегот на Путин доаѓа само два дена откако медиумите објавија дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и дозволила на Украина да користи ракети со долг дострел за напади длабоко на руска територија.

Според извештаите, Бајден ја донел одлуката откако дознал дека војници од Северна Кореја наводно пристигнале во регионот Курск.

Руските власти предупредија дека таквите потези може да доведат до избувнување на Трета светска војна.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан