• понеделник, 23 декември 2024

Путин: Односите меѓу Русија и Србија се посебни, Србите се најсигурни сојузници

Путин: Односите меѓу Русија и Србија се посебни, Србите се најсигурни сојузници

Белград, 7 март 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека односите меѓу Руската Федерација и Република Србија се од посебна природа и дека Србите „со векови се најсигурни сојузници на Русија“.

-Односите меѓу Русија и Србија се од посебна природа, историски длабоки, за ова секогаш зборувам со посебна топлина, бидејќи со векови, сакам да нагласам, Србите се најсигурните сојузници на Русија, тоа го знаеме, се сеќаваме и го цениме тоа, изјави Путин на средбата со учесниците на Светскиот фестивал на младите, пренесува дописникот од Белград.

Светскиот младински фестивал се одржува од 1 до 7 март во Сириус, на руското крајбрежје на Црното Море во близина на Сочи, кое има статус на федерална територија што е прва територија во Русија со ваков статус.

Путин на овој фестивал ја пофали и Црна Гора, наведувајќи дека „оваа земја отсекогаш била блиску до нас и со луѓето кои живеат во неа – во однос на вероисповеста и културата“.

Во врска со народите кои живееат на Западен Балкан на Светскиот младински фестивал се огласи и портпаролот на Кремљ, Дмириј Песков, кој кажа дека „Србите се наши браќа“.

-Србите се наши браќа и сестри. Србите се херојски народ. Треба да им се аплаудира. Особено на Србите од Република Српска, изјави тој.

Како што изјави додаде, Република Српска не е држава, туку ентитет, но тоа не значи дека не е народ. -Тоа е народ што секој треба да го почитува, објасни Песков.

Тој потсети дека претседателот Владимир Путин неодамна имал средба со Милорад Додик.

-Путин целосно ја поддржа избалансираната, цврста позиција на Додик. Ова е пример кога една мала нација го чувува својот суверенитет без разлика на странски притисок, порача Песков. об/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан