• понеделник, 20 мај 2024

Путин и Ердоган на средба во Истанбул

Путин и Ердоган на средба во Истанбул
Истанбул, 8 јануари 2020 (МИА) - Рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган денеска во Истанбул имаа тет-а-тет средба. Состанокот е затворен за медиумите. Кремљ претходно најави дека за време на разговорите ќе стане збор за натамошната соработка на двете земји, како и за најважните меѓународни прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата во Сирија и Либија. Путин престојува во Истанбул каде што ќе присуствува на свеченоста по повод пуштањето во употреба на гасоводот „Турски тек“, кој ќе го транспортира рускиот гас во Турција и преку Турција во Европа. паг/    

Остани поврзан