• петок, 20 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Путин е отворен за преговори со Украина за ненапаѓање на цивилни цели

Путин е отворен за преговори со Украина за ненапаѓање на цивилни цели

Москва, 21 април 2025 (МИА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи за билатерална процедура за разговор за ненапаѓање на цивилни цели, мислел на преговори конкретно со Украина.

- Можна е дискусија, кога претседателот рече дека е можно да се разговара за прашањето за ненапаѓање на цивилни цели, вклучително и билатерално, конкретно мислеше на преговори и разговори со украинската страна, рече Песков.

Песков истакна дека Путин претходно повеќепати зборувал за подготвеност за преговори со украинската страна. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан