• недела, 19 мај 2024

Пулишиќ: Милан можеше да извлече подобар резултат со ПСЖ

Пулишиќ: Милан можеше да извлече подобар резултат со ПСЖ

Париз, 26 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Милан, Кристијан Пулишиќ, смета дека тимот не заслужи висок пораз во натпреварот од третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите со ПСЖ.

Парижаните синоќа на свој терен триумфираа со убедливи 3:0.

- Го загубивме овој натпревар. Имав можност да го израмнам резултатот, но ја пропуштив. Треба да останеме самоуверени, имавме добри настапи во почетокот на сезоната. Треба да продолжиме силно на следните натпревари, изјави Пулишиќ за „pianetamilan.it“.

ПСЖ има 6 бода и е на првото место во групата Ф. Борусија Дортмунд и Њукасл имаат по 4, Милан е последен со два освоени бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан