• петок, 26 април 2024

ПССЕ испраќа 14 набљудувачи на претседателските избори во Северна Македонија

ПССЕ испраќа 14 набљудувачи на претседателските избори во Северна Македонија

Стразбур, 18 април 2024 (МИА) - Делегација од 14 набљудувачи на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од Алфред Хер (Швајцарија, АЛДЕ), ќе ги следи претседателските избори во Северна Македонија на 24 мај.

Делегацијата ќе ги следи изборите заедно со набљудувачите од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), соопшти ПССЕ.

Набљудувачите на ПССЕ ќе се сретнат со кандидатите кои се натпреваруваат на изборите, со претседателот и членовите на Државната изборна комисија, како и со претставници на граѓанското општество и медиумите.

Заедно со делегацијата, во Скопје доаѓа и експерт на Венецијанската комисија, кој ќе дава правна поддршка за време на посетата. са/ев/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан