• петок, 28 јуни 2024

ПСЖ заинтересиран за Киеза како можна замена за Нејмар

ПСЖ заинтересиран за Киеза како можна замена за Нејмар

Париз, 15 август 2023 (МИА) – Пари Сен-Жермен е заинтересиран за Федерико Киеза како замена за Нејмар.

 

Јувентус е подготвен да го продаде 25-годишниот офанзивен играч за врска и сака да добие 50-60 милиони евра за него, пишува „La Gazzetta dello Sport“.

 

Договорот на Киеза со клубот од Торино е со важност уште две сезони. Забележано е дека играчот е разочаран од позицијата на која беше поставен од страна на тренерот Масимилијано Алегри.

 

Можеби гледа позитивно на можноста да игра во Лигата на шампионите и на зголемувањето на платата.

 

Претходно ПСЖ го продаде Нејмар на саудискиот клуб Ал-Хилал за 100 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан