• недела, 12 мај 2024

Протест на иницијативата „ПроГлас“ во Белград

Протест на иницијативата „ПроГлас“ во Белград

Белград, 30 декември 2023 (МИА) - На платото пред фонтаната Теразије во Белград денеска нешто по 12 часот почна протестот што го организира иницијативата „ПроГлас“  поради наводна изборна кражба. 

Поради протестот блокиран е сообраќајот на улицата Крал Милан од плоштадот Република. На протестот под мотото „Не се согласуваме“ кај фонтаната се приклучија и студентите кои ја минаа ноќта под шатори на улицата „Кнез Милоша“, а кои изминатите 24 часа протестираа на аголот од улиците „Кнез Милоша“ и „Бирчанинова“.

Иницијативата ги повика граѓаните, поради, како што истакнаа, немањето изборна волја и неопходноста во рок од шест месеци да се одржат нови избори, по суштинска промена на изборните услови.

На протестот се присутни претставниците на листата „Србија против насилството“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан