• недела, 22 декември 2024

Протести во неколку американски сојузни држави поради продолжуавње на карантинот

Протести во неколку американски сојузни држави поради продолжуавње на карантинот
Вашингтон, 16 април 2020 (МИА) - Лос Анџелес, Њујорк и Вашингтон округ Колумбија, ги продолжија наредбите за доброволен карантин до 15 мај наспроти повиците на претседателот Доналд Трамп да се отвори државата на почетокот на мај. Се очекува Трамп на денешниот брифинг да објави детален план за отварањето на економијата на САД. Според Белата куќа, отварањето на безнисите и враќањето на работа на Американците ќе се врши постепено, а ќе се контролира со воведување на систем за следење на контактите на популацијата, и изолирање на оние лица кои имаат Ковид-19 симптоми. Според неименуван претставник на Белата куќа, планот на Трамп ќе опфати зголемување на капацитетите на локалните здравствени одделенија тестирање и следење на контактите. Според непотврдени информации следењето на популацијата ќе се врши преку апликација на мобилните телефони со програми развиени од Гугл и Фејсбук. Во меѓувреме, илјадници противници на наредбите за карантин денеска протестраа во повеќе соујзни држави поради продолжување на наредбите да се остане дома. Демонстрантите упатија барања до гувернерите за отворање на бизнисите и олабавување на строгите мерки на медицинските експерти и научниците. Протести имаше во Вашингтон, Мичиген, Северна Каролина и Кентаки, а за наредните денови се закажани во Тексас, Орегон и Ајдахо. САД е најпогодена земја во светот од пандемијата на новиот коронавирус, со речиси 670.000 заразени луѓе и речиси 34.000 смртни случаи. кб/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан