• недела, 22 декември 2024

Просечната каматна стапка на кредитите во февруари намалена на месечно ниво, пораст кај вкупните депозити

Просечната каматна стапка на кредитите во февруари намалена на месечно ниво, пораст кај вкупните депозити

Скопје, 29 март 2024 (МИА) - Просечната каматна стапка на вкупните кредити во февруари изнесувала
5,52 проценти и на месечна основа е намалена за 0,03 процентни поени, додека кај депозитите изнесувала 1,76 проценти и на месечно ниво бележи зголемување од 0,04 процентни поени, објави денеска Народната банка. 

На годишно ниво, кај кредити се бележи зголемување на просечната каматна стапка од 0,52 процентни поени, а кај депозитите за 0,76 процентни поени. 

Кај новоодобрените кредити во февруари просечната каматна стапка изнесувала 5,35 проценти и бележи месечен и годишен раст од 0,13 и 0,15 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесувала 2,31 проценти и бележи раст од 0,09 процентни поени на месечно ниво и зголемување од 0,60 процентни поени на годишно ниво. бак/са/

Фото: Народна банка

 

 

Остани поврзан