• недела, 22 декември 2024

Просечната каматна стапка во август непроменета кај кредитите, зголемување кај депозитите

Просечната каматна стапка во август непроменета кај кредитите, зголемување кај депозитите

Скопје, 29 септември 2023 (МИА) - Просечната каматна стапка на кредитите во август е непроменета, додека кај депозитите се бележи зголемување. Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на кредитите во август изнесувала 5,49 проценти, додека кај депозитите изнесувала 1,55 проценти.

На годишна основа, се бележи зголемување на просечната каматна стапка и кај кредитите и кај депозитите. Кај кредитите има зголемување од 1,15 процентни поени, а кај депозитите 0,86 процентни поени. бак/аа/

Фото: Народна банка

 

 

Остани поврзан