• петок, 22 ноември 2024

Пропадна договорот за продажба на Евертон

Пропадна договорот за продажба на Евертон

Ливерпул, 1 јуни 2024 (МИА) - Фирмата „777 Партнерс“, со седиште во Мајами, не успеа да го затвори договорот за купување на англиски Евертон, соопшти клубот од Премиер лигата.

Во септември, фирмата постигна договор со мнозинскиот акционер на тимот, Фархад Мошири, кој има 94,1 отсто од акциите во клубот.

Сепак, клубот преку денешното соопштение објави дека понудата сега е раскината бидејќи не била комплетирана пред истекот на рокот.

-Договорот помеѓу „777 Партнерс“ и „Блу Хевен Холдингс Лимитид“ за продажба на мнозинскиот пакет акции во клубот истече. Клубот ќе продолжи да работи нормално додека работи со „Блу Хевен Холдингс“ за да ги разгледа сите опции за идната сопственост на клубот, изјавија од Евертон. дс

Фото: Википедија

 

Остани поврзан