• среда, 19 февруари 2025

Пронајдена дрога во Скопје, приведен дилер

Пронајдена дрога во Скопје, приведен дилер

Скопје, 16 февруари 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ч.(38) од Штип, кај кого  биле најдени половина килограм бела грутчеста материја и марихуана.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, дрогата била откриена и одземена вчера во 16.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош.

-По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информира МВР. хс/цр

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан