• сабота, 13 декември 2025

Пронајдена дрога во Охрид, лишено од слобода едно лице 

Пронајдена дрога во Охрид, лишено од слобода едно лице 

Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден на пресек на булевар „Туристичка“ со улица „Бистрица“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода Д.С.(25) од Охрид затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи подоцна со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом и пронајдени и одземени се марихуана и дробилкла со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. свс/ац/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан