Промоција на романот „Живот без сведоци“ на Наташа Сарџоска
- Како што информираат од издавачкиот центар ТРИ, ова е втор роман на Сарџоска по „Трамонтана“, кој се вброја меѓу најдобрите романи за 2021 година и беше во тесна конкуренција за Роман на годината.

Скопје, 14 декември 2023 (МИА) – Новиот роман „Живот без сведоци“ на Наташа Сарџоска ќе биде промовиран вечер од 19 часот во барот на Филхармонија.
Како што информираат од издавачкиот центар ТРИ, ова е втор роман на Сарџоска по „Трамонтана“, кој се вброја меѓу најдобрите романи за 2021 година и беше во тесна конкуренција за Роман на годината.
Промотор на романот ќе биде авторката Маја Мухиќ. ар/аа/
Фото: ТРИ