• понеделник, 06 мај 2024

Промоција на монографијата „Резбарени тавани, долапи и врати во Македонија“

Промоција на монографијата „Резбарени тавани, долапи и врати во Македонија“

Скопје, 20 декември 2023 (МИА) - Во просториите на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ денеска ќе се одржи промоција на делото „Резбарени тавани, долапи и врати во Македонија“ од професорка, научен истражувач и академски уметник, Анета Светиева.
Станува збор за повеќегодишен проект кој бил одбранет како докторски труд напишан на македонски јазик на Универзитетот во Белград во 1988. Во скратена форма тој претходно бил објавен во 1992 во издание на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје, кадешто д-р Светиева работела како истражувач.

Речиси триесет години по неговото првично појавување, ракописот е објавен во интегрална форма, за на овој начин да стане достапен на истражувачката и на пошироката читателска јавност.

Издавач на монографијата е Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија (ЦЕИПА), уредник и автор на предговорот е проф. д-р Љупчо С. Ристески, а промотор ќе биде проф. д-р Никос Чаусидис, со присуство на авторката.бт/аа/

Фото: ЦЕИПА

 

Остани поврзан