• петок, 05 декември 2025

Промоција на книгата „Читањето не е бауч“

Промоција на книгата „Читањето не е бауч“

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Во Литература.мк во Дајмонд мол вечерва ќе се одржи промоција на книгата „Читањето не е бауч“ од авторките Љубица Кардалеска-Радојкова, Татјана Срцева-Павловска, Габриела Неделкоска, Сандра Серафимовска и Ана Арсовска.

Книгата е длабински осврт на читањето и читачките навики денес, но и нивно нужно менување и видоизменување во иднина, согласно потребите на совремието и промените на интересите на читателите.

Ова четиво ги контекстуализира истражуваните теоретски постулати во насока на нивна примена во дидактичкото обмислување на читањето во актуелниот општествен миг.

Книгата претставува опсежна студија базирана на претходно публикуваниот прирачник „Лектирата не е бауч“ кој се темели на истражување поврзано со поимот и значењето на лектирата во ера на дигитализација и вештачка интелигенција. 

Промоцијата е со почеток во 19 часот. нд/дма/

Фото: Фејсбук

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан