• среда, 25 март 2026

Промоција на книгата „Нешто трето“ од Максим Ристески

Промоција на книгата „Нешто трето“ од Максим Ристески

Скопје, 5 мај 2025 (МИА) - Во кафе-барот „Кашмир“ вечерва ќе се одржи промоција на новата прозна објава „Нешто трето“ од Максим Ристески. Промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Ивица Димитријевиќ, а настанот ќе го модерира Игор Анѓелков.

Се работи за 236 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-или“, а втора книга на Ристески, по романот „Пештера“ од 2022 година. 

 -Расказите на Максим Ристески кријат комплексни светови и длабоки пораки за промените кои се случуваат во духовната стварност, а кои без сомнение ќе бидат предизвикувачки за македонската читателска јавност. Обликувани во јасен, богат и сликовит израз, со обмислени и динамични реченици и внимателно селектиран избор на зборови, расказите од оваа збирка на Ристески се потврда за стилската особеност и дарба на овој раскажувач, кој допрва треба да биде вистински препознаен од критиката и публиката, вели Ана Мартиноска во освртот кон новата книга на Ристески.
 
Максим Ристески со пишување се занимава повеќе од 30 години, и како новинар, копирајтер, текстописец, сценарист. Бил музичар, а продолжува да се занимава и со ликовна уметност. „Нешто трето“ му е прва збирка раскази, по романот „Пештера“. бт/нд/

Фото: корица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан