• сабота, 27 април 2024

Промоција на книгата Ацо Шопов: „Автопортрет со седум прсти“

Промоција на книгата Ацо Шопов: „Автопортрет со седум прсти“

Скопје, 19 март 2024 (МИА) - Во организација на фондацијата „Ацо Шопов - Поезија“, вечер ќе биде промовирана книгата Ацо Шопов: „Автопортрет со седум прсти“. Текстовите на Шопов, прв пат објавени во книга, ќе ги интерпретира Никола Ристановски, а промотор е Владимир Мартиновски. 

Промоцијата е организирана во соработка со издавачката куќа „Антолог“.

Кон промоцијата се приклучуваат и Националната опера и балет, ФлипБук Фестивалот на анимирани филмови и Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), со сегменти од нивните уметнички продукции врзани за Шопов, во рамки на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“.

Насловната корица на книгата е авторство на Марко Трпески, а графичкото уредување на Бобан Здравковски Андреевски. мч/вг/

фото: Фондација „Ацо Шопов - Поезија“

 

 

 

Остани поврзан