Промоција на албумот „Моин“ на КΑΛΒΥΛΑ
- Албумот „Моин“ на македонскиот музички проект ΚΑΛΒΥΛΑ ќе биде промовиран вечер во 21 часот, во клубот Ла Кања, во скопската чаршија.
Скопје, 12 јуни 2025 (МИА) - Албумот „Моин“ на македонскиот музички проект ΚΑΛΒΥΛΑ ќе биде промовиран вечер во 21 часот, во клубот Ла Кања, во скопската чаршија.
Како што соопштуваат од „Канал 103“ „Моин“ носи длабока ритуалистичка и психоделична атмосфера, истражувајќи племенски и трансцендентални звучни пејзажи, кои ја вовлекуваат публиката во халуцинаторен свет.
Вечерта ќе ја збогати настапот на електронскиот артист ΜΕΔΑΡСКΙ, кој ќе изведе танцова електроника во живо, заокружувајќи го музичкиот спектакл.
Албумот се одликува со впечатлив омот, на кој е прикажана карневалска маска креирана од Филип Тренески, ученик во основното училиште „Кирил и Методиј“ од село Канатларци, Прилепско. Маската е инспирирана од традиционалниот Прилепски карневал за Прочка и е изработена под менторство на наставникот Дарко Талески, додека фотографијата е дело на Јелена Белиќ.
ΚΑΛΒΥΛΑ е соло проект на Кристијан Новковски, познат по својата работа како тапанар во Светлост, The Local Blue, Строг Пост, Палиндром, како и други неформални музички формации.
Промоцијата е дел од серијалот „Нова пролет“, со кој Канал 103 одбележува 34 години постоење.ар/хс/
Фото: КАнал 103