• среда, 10 јули 2024

Промоцијата на волонтерството како начин младите активно да решаваат проблеми во заедницата

Промоцијата на волонтерството како начин младите активно да решаваат проблеми во заедницата

Тетово, 30 мај 2023 (МИА) - Со поставување штанд за делење информативни материјали, работилница за рециклирање и паноа за цртање или пишување на мотивирачки пораки до младите за волонтерска работа, во Тетово денеска се организира промоција на волонтерството, во организација на  граѓанските здруженија Женски Форум Тетово и Волонтерски центар Скопје.

-Женски Форум ги мотивира младите девојки да се вклучуваат во волонтерски активности, да волонтираат во здруженија на граѓани и во организации. Да се развива свеста на волонтерството. Да можат да ги детектираат главните проблеми во заедницата, да апелираат и да иницираат решавање на истите и така да станат идни активни граѓанки во заедницата, изјави Слаѓана Јосифоска, претставничка на Женски Форум.

На овој начин, со настани на отворено и посета на повеќе градови, канцеларијата на Волонтерски центар се приближува до младите, посочуваат од ова организација.

-Пораките се на тема-волонтерство. Како да се стане активен волонтер, како младите постојано да бидат вклучени како да станат свесни за потребите и проблемите на заедницата и за тоа да интервенираат од млади нозе. Како да станат поактивни граѓани. Пораката што ја користи Волонтерски центар Скопје е суштината на волонтерството-Волонтерите не се платени за тоа што се безвредни, туку затоа што се бесценети, изјави Андреј Наумоски, претставник на Волонтерски центар Скопје.

Оваа активност е дел од проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од ЕУ, кој Здружение Женски Форум Тетово го спроведува заедно со партнерските организации: Коалиција СЕГА Прилеп, СОС Детско Село Скопје и Волонтерски Центар Скопје. ас/цр

Фото: МИА 

Остани поврзан