• четврток, 20 февруари 2025

Промовирана збирката поезија на Атанас Крлевски „Друшка на белите галеби“

Промовирана збирката поезија на Атанас Крлевски „Друшка на белите галеби“

Велес, 20 февруари 2025 (МИА) - Во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес и Клубот на пистаели „Коста Солев Рацин“, синоќа во медијатеката  на библиотеката  беше промовирана збирката поезија „Друшка на белите галеби“ од Атанас Крлевски. Тој на читателските публика и е познат по своите афоризми и „крлевизми“, а се смета за првиот што има издадено хаику поезија за деца. Овој пат кај читателската јавност се претставува како поет.

Пред преполната Медијатека на библиотеката, осврт за збирката поезија на Крлевски имаше промоторката проф. д-р Елизабета Бандиловска која појасни дека преовладуваат темите на љубовта, возвратена, невозвратена, болката, тагата, среќата.

- Едноставно, како да не се чуствува некоја временска дистанца кога авторот ги пишувал овие песни со времето денес. Буквално имате чувство дека се пушувани денес и секако љубовта е актуелна тема во секое време. Книга која вреди да се прочита, од првата до последната песна. Се надевам дека секој оној кој ќе ја прочита ќе ја почуствува љубовта која авторот сака да ни ја покаже, порача Бандиловска.

Публиката имаше можност на авторот да му постави многубројни прашања на кои тој им одговараше.

Промоцијата со свој сценски настап настанот ја збогатија балерините Мила Кирова и Илина Цветковска членови на Балетско студио „Анабела“, а делови од поезијата читаа ученичките Марија Бошевска, Магдалена Бобевска и Марија Нојкова. Водител на промоцијата беше писателката Јасмина Ѓорѓиева. ад/сст/

 
Фото Локална библиотека „Гоце Делчев“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан