• понеделник, 09 септември 2024

Променливо облачно со слаб до умерен ветер, попладне се очекува пороен дожд проследен со грмежи

Променливо облачно со слаб до умерен ветер, попладне се очекува пороен дожд проследен со грмежи

Скопје, 9 септември 2024 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.

Попладне, како и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје променливо облачно, доцна попладне, а особено во текот на ноќта со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m² за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и град, особено во вторник врнежите ќе бидат пообилни, а температурата ќе биде значително пониска.  ра/аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан