• среда, 15 мај 2024

Променливо облачно, попладне дожд, грмежи и град

Променливо облачно, попладне дожд, грмежи и град

Скопје, 8 мај 2024 (МИА) - Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. 

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени. 

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. 

Максималната температура ќе достигне 25 степени. ир/лв/


Фото: МИА архива

 

Остани поврзан