• среда, 18 март 2026

Променливо време со дожд и снег, постудени утра со температури под нулата

Променливо време со дожд и снег, постудени утра со температури под нулата

Скопје, 18 март 2026 (МИА) - Утре, во западните делови од земјата се очекуваат повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен, а на одделни места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец, што ќе придонесе за дополнително заладување - информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во наредните денови времето ќе се задржи променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. дма/вј/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан