• петок, 05 декември 2025

Пролетна дератизација за превенција и заштита на здравјето во Општина Центар

Пролетна дератизација за превенција и заштита на здравјето во Општина Центар

Скопје, 2 април 2025 (МИА) - Општина Центар почна со редовна пролетна дератизација на целата територија. Во текот на следните две недели ќе бидат опфатени над две илјади шахти со цел уништување на штетни глодари и инсекти, како и превенција од можни заразни болести.

Дератизацијата се спроведува два пати годишно, на пролет и есен и претставува една од клучните мерки што Општината ги презема за заштита на здравјето на населението.

Општина Центар информира дека препаратот што се користи за дератизацијата е селективен, сертифициран од овластен производител и е специјално дизајниран за контрола на популацијата на глодари.

Препаратот е одобрен од Министерството за здравство и не претставува ризик за другите животински видови. мд/аа/

Фото: Општина Центар 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан