Проекција на Си-Ен-Ен: Трамп победник во Западна Вирџинија
- Според досегашните проекции, Трамп има 23 електорски гласови, а кандидатката на Демократите Камала Харис има три
Вашингтон, 6 ноември 2024 (МИА) - Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи во Западна Вирџинија, покажува проекцијата на Си-Ен-Ен.
Кандидатот на Републиканците победи во Западна Вирџинија и на изборите во 2020 година..
Во Западна Вирџинија во прашање се четири изборни гласа. Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори во 2024 година.
Според досегашните проекции, Трамп има 23 електорски гласови, а кандидатката на Демократите Камала Харис има три. ссм/