• вторник, 14 мај 2024

Проектот на УНДП „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ презентиран во Министерството за правда

Проектот на УНДП „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ презентиран во Министерството за правда

Скопје, 6 септември 2023 (МИА) - Министерот за правда, Кренар Лога, беше информиран од Постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григоријан, за регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), известуваат од Министерство за правда.

Како што информираат од Министерството, проектот започнал на 1 јануари 2023 година и ќе трае четири години. Со него се обезбедува експертиза и поддршка на судството и органите на прогонот во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово. 

- Во Република Северна Македонија, проектот се фокусира на зајакнување на капацитетите на правосудните органи и на активностите за подигање на свеста за справување со рецидивите од конфликтите и промовирање на помирувањето по пат на регрантирање на граѓанските организации, велат од МП.

На средбата е разговарано и за Стратегијата за развој на правосудуството 2023-2027, законодавната агенда и состојбата во затворите. сх/ац/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан