• недела, 22 декември 2024

Проектот за автопатот Скопје-Блаце е во процес на претквалификација, изјави министерот Николоски

Проектот за автопатот Скопје-Блаце е во процес на претквалификација, изјави министерот Николоски

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) – Проектот за автопатот Скопје-Блаце е во процес на претквалификација. Допрва треба да има квалификација и да се избере изведувач, изјави министерот за транспорт, Александар Николоски.

Одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција на која претстави шест нови авио дестинации, министерот рече дека ќе изградат автопат кој има реална цена и е изводлив. 

- Разговаравме со Европската банка за обнова и развој и одлучивме на две варијанти. Една да одиме со постојната процедура која е почната и да видиме кои цени ги добиваме, а втората варијанта е да најдеме решение кое ќе е оптимално и ќе значи изграден автопат и пореални цени, рече министерот.

Тој информираше дека затекнале состојба во која има два километри автопат кои што, како што рече „завршуваат во дупка“.

- Во исто време стигнато е писмо кое што вели дека од проценети 170 милиони евра вредноста е качена на 240 милиони евра заради трасата и е возможно со 20 проценти анекс кој што е дозволен согласно нашите закони, да оди на 300 милиони евра, рече тој. ар/ев/
Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан