• недела, 20 октомври 2024

Проектил од огнено оружје навлегол низ излог во скопска аптека и оштетил производи

Проектил од огнено оружје навлегол низ излог во скопска аптека и оштетил производи
Скопје, 16 ноември 2020 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информираше дека ноќеска во 00:18 часот, вработени во аптека на булевар „Партизански одреди“ во Скопје пријавиле дека забележале дека низ излогот навлегол проектил од огнено оружје кој оштетил производи на една од полиците. Од МВР соопштуваат дека нема повредени лица, а на местото на настанот пронајдени и подигнати се две чаури и еден проектил. Посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.фф/скс/

Остани поврзан