• четврток, 26 декември 2024

Проевропската опозиција „Србија против насилството“ заеднички ќе настапи на изборите

Проевропската опозиција „Србија против насилството“ заеднички ќе настапи на изборите

Белград, 27 октомври 2023 (МИА) - Постигнат е договор за заеднички настап на опозицијата собрана околу протестите „Србија против насилство“ на претстојните парламентарни, покраински, локални и избори за градот Белград на 17 декември. Ова денеска беше официјално соопштено на прес-конференција во Белград, пред влезот на Народното собрание, јави дописникот на МИА од Белград.

Носители на листата на републичките избори ќе бидат Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ, додека прв на листата ќе биде Радомир Лазовиќ, а на изборите во Белград носители ќе бидат Добрица Веселиновиќ и Владимир Обрадовиќ, кој ќе биде кандидат за градоначалник, а прва на таа листа ќе биде Мила Поповиќ. Носителите на листите за покраинските избори ќе бидат објавени подоцна во Нови Сад.

Партијата за слобода и правда (ССП), Народното движење на Србија, Зелено-левиот фронт/Не го давиме Белград, Срце, Еколошкото востание, Демократската партија (ДС), Движењето на слободни граѓани (ПСГ) и партијата Заедно се договорија заеднички да учествуваат на изборите на основа на добрата соработка во парламентот, заедничката организација на протестите „Србија против насилството“ и бројни други акции кои овие организации заеднички и поединечно ги спроведоа со цел Србија да биде добро место за живеење на сите граѓани.

Овие организации претходно го потпишаа „Договорот за победа“, односно договор да се донесе одлука врз основа на истражување дали со една или со повеќе изборни листи проевропската опозиција ќе излезе на избори. Сите досегашни истражувања кои ги видовме ни посочија дека постои голема синергија на заедничко делување и затоа донесовме одлука заедно да одиме на избори и да победиме об/ми/

 

Остани поврзан