Продуцентите на „Балканска приказна“ демантираат дека е нивно возилото што пропадна на плоштад „Македонија“
- Продуцентскиот тим на турската серија „Балканска приказна“ и локалниот партнер „Сити стар продукција“, која изминатите седум месеци се снима на повеќе локации во Скопје, во целост ги демантир
Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) - Продуцентскиот тим на турската серија „Балканска приказна“ и локалниот партнер „Сити Стар Продукција“, која изминатите седум месеци се снима на повеќе локации во Скопје, во целост ги демантира информациите пласирани во јавноста во коишто се наведува дека возилото коешто вчера пропадна на плоштадот „Македонија“ е во сопственост на турската серија „Балканска приказна“ или Balkan Ninnisi на ТРТ1.
- Тимот на серијата заедно со актерите од Турција работат и живеат во Скопје во изминатите седум месеци, грижејќи се за градот, урбаната опрема и одржување на зеленилото и чистотата на локациите каде што до сега сме работеле, пред се затоа што Скопје е наш втор дом и наша должност е да возвратиме со грижа и почит. На овој начин и ќе продолжиме да работиме во текот на идните снимања. Изразуваме искрена благодарност до Скопје и скопјани за искажаното разбирање и поддршка којашто ја добиваме уште од првиот ден кога ги започнавме подготовките за снимање на серијата, стои во соопштението од тимот на ТВ серијата „Балканска приказна“.
Скопје, иако поделен од реката Вардар на два дела, од едната страна Турци и Албанци, а од другата Македонци, сепак живеат сплотено прифаќајќи ги и почитувајќи ги различностите. На ова се темели и приказната на „Балканска приказна“, серија која ги промовира вредностите на соживот, солидарност и заеднички живот, притоа доловувајќи ги шарените културни традиции на два различни народи и прикажувајќи ги убавините на градот Скопје.
ТВ серијата „Балканска приказна“ е во продукција на Јалчин Ари и Угур Узунок, а во режија на Сердар Акар, Селахатин Санџакли и Еврим Јонеј. Линиски продуцент е Богдан Јончевски и локален партнер „Сити Стар Продукција“. мд/са/