• петок, 22 ноември 2024

Продолжува расправата за кандидатите за уставни судии на матичната собраниска Комисија

Продолжува расправата за кандидатите за уставни судии на матичната собраниска Комисија
Скопје, 5 септември 2022 (МИА) – Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска продолжува со расправата за предложените кандидати за уставни судии. Во петокот започна расправата за предлогот Тодор Витларов, вработен во штипското обвинителство, да биде уставен судија. Претходно, членовите на Комисијата ја изгласаа кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, да биде предложена до Собранието за судија на Уставниот суд. По завршувањето на расправата за Тодор Витларов, пратениците се очекува да ја разгледаат биографијата на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Пратениците досега, освен за Васиќ Бозаџиева, дадоа поддршка и за кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер. Тие, како и Јовески, се предложени од владејачките партии. Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска, обвинителот Тодор Витларов и Војислав Димовски јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена на четворица им е истечен мандатот. ев/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан