• петок, 15 ноември 2024

Продолжува работилницата на тема „Соработка меѓу засегнатите страни во борбата против корупција: Научени лекции и добри практики“

Продолжува работилницата на тема „Соработка меѓу засегнатите страни во борбата против корупција: Научени лекции и добри практики“
Скопје, 6 април 2022 (МИА) - „Соработка меѓу засегнатите страни во борбата против корупција: Научени лекции и добри практики“ е темата на која денеска втор ден продолжува  Националната работилница за имплементација на Конвенцијата на Обединети Нации против корупција (УНКАК). Како што соопштија од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) цел на сесијата е споделување добри практики, дискусија за предизвиците и можностите за градење доверба и зајакнување на соработката помеѓу релевантните чинители за подобро управување со ризиците од корупција и унапредување на конкретните реформски напори преку иницијативи од повеќе засегнати страни и колективно дејствување. Модератор на оваа сесија е Викторија Нестероваите, Програмски офицер, УНОДЦ Одделение за граѓанско општествo, а најавени говорници се Миша Поповиќ, Платформа на граѓански организации за борба против корупција, Јасмина Ристовкса, проектен координатор, СЕЛДИ мрежа и Елена Милевска Штрбевска, потпретседател на Стопанска комора на Македонија. цр/вг/

Остани поврзан