Продолжува потрагата по 48 исчезнати мигранти по бродоломот кај Канарските острови
- Шпанските спасувачки тимови денеска ја продолжија потрагата по 48 мигранти кои исчезнаа по бродолом во близина на шпанскиот остров Ел Хиеро, на Канарскиот архипелаг.

Maдрид, 29 септември 2024 (МИА) - Шпанските спасувачки тимови денеска ја продолжија потрагата по 48 мигранти кои исчезнаа по бродолом во близина на шпанскиот остров Ел Хиеро, на Канарскиот архипелаг.
Девет лица, меѓу кои и едно дете, ги загубија животите откако нивниот брод потона вчера рано наутро, соопштија службите за итна помош и спасување.
Спасувачите успеале да спасат 27 од 84-те мигранти кои се обидувале да стигнат до шпанскиот брег. рп/
Фото: МИА архива