• недела, 02 февруари 2025

Продолжува операцијата на израелската армија во Џенин

Продолжува операцијата на израелската армија во Џенин

Тел Авив, 22 јануари 2025 (МИА) – Израелската армија денеска, втор ден ја продолжува операцијата во градот Џенин, во северниот дел на Западен Брег.

Според очевидци, израелската армија извршила рации во неколку населби во бегалскиот камп Џенин и гранатирала неколку локации.

Израелската армија соопшти дека операцијата во Џенин, со кодно име „Челичен ѕид“ ќе трае неколку дена.

За време на вчерашната операција на израелската армија убиени се десетина Палестинци, а 40 се повредени. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан